Ѓорѓи Абаџиев (Дојран, 7 октомври 1910 - Скопје, 2 август 1963), македонски раскажувач, романсиер, историограф, публицист и сценарист.
Средно образование завршил во Горна Џумаја (Благоевград). Студирал на Правниот факултет во Софија каде што зел активно учество во организациите на прогресивната македонска емиграција во Бугарија. Член на Македонскиот литературен кружок (1938-1941) и на Македонскиот литературен кружок „Никола Вапцаров“ во Софија (1946-1947). Бил уредник на весникот „Македонско знаме“ (1945-1947). По враќањето во Македонија, во 1948 година, развива плодна дејност како писател, публицист и историчар. Работел во Институтот за национална историја во Скопје и бил негов директор. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1949 година. Негови познати збирки раскази се: „Епопејата на ножот“, „Изгрев“, потоа романите „Арамиско гнездо“ и „Пустина“.
За својата литературна работа добил повеќе награди и признанија. Добитник е на наградите за проза на НР Македонија и „11 Октомври“.
Сценариото за филмот „Мис Стон“ (1958) е неговиот прв чекор во филмската уметност.
Ѓорѓи Абаџиев е познат како историски белетрист бидејќи историјата има истакнато место во неговите дела. Автор е на книгите:
Во 1972 г. е објавен избор од неговото творештво во четири тома.
1969 - РЕПУБЛИКАТА ВО ПЛАМЕН, идеја, игран, Вардар филм.
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History