Војдан Поп Георгиев - Чернодрински (Селци, Струга, 15 јануари 1875 - Софија, 8 јануари 1951), истакнат македонски писател, патриот, револуционер, театарски режисер, артист и основоположник на македонскиот театар.
Чернодрински потекнува од свештеничко семејство. Своето основно образование го завршил во својот роден крај во Охрид, во егзархиското училиште „Свети Климент“, а средното образование во Солун и Софија. Cтудирал правно во Швајцарија (во Грац и во Берн), a потоа 1897 работел како учител во село Могила, Битолско. Во 1897 година беше учител во битолското село Могила.
Основач е и раководител на драмскиот кружок Македонски зговор (1894) во коj подготвувал театарски пиеси. Во 1901 година во Софија го формирал театарот Скрб и утеха во кој давал театарски претстави во Бугарија, Македонија и Србија (1903).
Чернодрински е автор на најпопуларната македонска драма Македонска крвава свадба (1900) и на првата драмска творба во стихови Срешта (1903) и е најплодниот драмски писател на македонски јазик до крајот на Втората светска војна.
Чернодрински ги напиша првите страници на македонската драмска литература и ги удри темелите на македонското театарско дело. Сето тоа го стори во името на слободата на македонскиот народ. Делата на Чернодрински се непосредно инспирирани од македонското револуционерно минато.
Негово најпознато дело е драмата „Македонска крвава свадба“, што ја напиша во 1900 година, а премиерата е одржана во Софија, на 20 ноември 1900 година.
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History