
Зодијакот преставува замислен појас на небесниот свод и се протега приближно 8 степени од двете страни на сончевата еклиптика (патеката на Сонцето) кој што ги вклучува и еклиптиките на Месечината, и на планетите Меркур, Венера, Марс, Јупитер и Сатурн. Името зодијак потекнува од грчкиот збор ζώο - што значи животно. Постои зодијак и во хиндуистичката астрологија, сличен на овој во западната астрологија и многу поразличен зодијак во кинеската астрологија.
Содржина |
Зодијакот потекнува од Сумерите кои живееле во Месопотамија.
Видете историја на астрологијата за повеќе информации.
Зодијакот вклучува дванаесет од соѕвездијата низ кои еклиптиката поминува. Еклиптиката всушност поминува и низ тринаесетто соѕвездие - соѕвездието на борецот со змии (латински: Ophiuchus) но тоа не се смета за дел од зодијакот. Поради тоа што еклиптиката лежи во главната рамнина на Сончевиот систем, Сонцето, Месечината и планетите изгледаат како да се движат низ зодијачките соѕвездија.
Следната табела ги споредува датите во кои Сонцето влегува во астролошки знак или од Западниот или од Хиндуистичкиот астролошки систем, и датата кога Сонцето влегува во астрономското соѕвездие со истото име. Датите можат да варираат најмногу до два дена, од година во година, во зависност циклусот на престапните години, и од изместувањето на оската на Перихелот на Земјината орбита низ текот на многу векови.
Со појавата на христијанизацијата на Европа, ангелите беа поврзувани со знаците на зодијакот за да ги заменат традиционалните богови. Традиционалните поврзувања се:
| Знак | Ангел |
|---|---|
| Овен | Малахидаел |
| Бик | Азмодел |
| Близнаци | Амбриел |
| Рак | Муриел |
| Лав | Верхиел |
| Девица | Хамалиел |
| Вага | Уриел |
| Скорпија | Барбиел |
| Стрелец | Адвахиел |
| Јарец | Ханиел |
| Водолија | Габриел |
| Риби | Бархиел |
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History