
Исак Сион (Штип, 1916 - Белград, 28 мај 1995) е учесник во НОБ од Штип и носител на Партизанска споменица 1941 година.
Сион во 1939 година учествува во акциите на напредните банкарски службеници во Љубљана, а во 1940 година станува член на КПЈ. Во 1941 година се враќа во Штип и веднаш стапува во НОД. Борец во Шарскиот одред. Во составот на Месниот комитет во Битола во 1942 година. На 11 март 1943 година, кога ги носат Евреите од Штип за Скопје, единствено Исак Сион, член на МК КПЈ, успева да побегне од колоната и да се засолни кај Фируз Демир. На 19 мај Сион му се приклучува на Вториот плачковички одред Гоце Делчев, а кон крајот на август се приклучува на Шарпланинскиот партизански одред. Потоа се приклучува на одредот на Христијан Тодоровски Карпош во батаљонот Орце Николов, па во Третата македонска ударна бригада. Како заменик политички комесар во Третиот баталјон на Третата македонска ударна бригада, Исак Сион учествувал и во борбите при Пролетната офанзива, која траеше од април до јуни 1944 година. Учесник е на Првото заседание на АСНОМ.
| Оваа статија поврзана со лична биографија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History