Истанбул


Free Web Hosting with Website Builder
Истанбул
İstanbul
Св. Софија во Истанбул
Св. Софија во Истанбул
Локација
Временска зона
- лето
UTC+2
UTC+3
Општи податоци
Име
- изворно
Истанбул
  
İstanbul'
Основан мегарски колонии
667 п.н.е.
Стари имиња Византион
Нов Рим
Константинопол
Цариград
Официјална страница [1]
Управа
Земја Знаме на Турција Турција
Округ Истанбул
Географија
Население
Население 11,372,613


Истанбул (турски: İstanbul) (или Стамбол или Цариград, а во времето на Византија - Константинопол) е најголемиот град во Турција и најголем град во светот по број на градско население со 13 421 000 жители(од декември 2007 година) . Истанбул се протега на два континента. Источниот дел е во Азија, а западниот е во Европа. На југ од него се простира Мраморно море, а на север — Црно море. За да се стигне по вода од Црното во Средоземното и Егејското море, треба да се помине низ Босфорот и Истанбул. Истанбул денес е седиште на Вселенската патриjаршија.

Содржина

Историја

Прва населба на местото на денешен Истанбул основале грчките колонисти во 667 година п.н.е. и името го добила според кралот на Византија Бизас. Со граѓанската војна од 196 година, Септимиј Север го разрушил градот, но по заземањето на градот, тој повторно го „изградил“. Во времето на Константин Велики, тој решава на тоа место да подигне нова престолнина којашто ќе биде втора по вечниот Рим, и во 330 година го основа под името Нов Рим. Но ова име не било прифатено од страна на месното население и со тек на времето сѐ повеќе започнувало да се користи името Константинов град или Константинопол. По распадот на Римското царство, Константинопол бил преименуван во Цариград и тој станува главен град на новосоздаденото источно царство- Византија. Со оглед на добрата местоположба, Цариград се развивал многу брзо и во тоа време станал најбогатиот и најразвиениот град во светот.

Со започнувањето на Крстоносните војни, крстоносците успеваат да го освојат во 1204 година. Со ова Цариград станува седиште на Латинското царство се до 1261 година, кога бил „ослободен“ од страна на никејскиот цар Михаил VIII Палелога, кој го обновува Византиското царство. Турскиот султан Мехмед II успева да го освои градот на 29 мај 1453 година со што градот претрпел уште едно пљачкосување и разрушување.

Цариград, како престолнина на Турската империја, доживува голема промена. Најголемата црква, Света Софија (Аја Софија) како и уште неколку цркви во градот биле претворени во џамии. И бидејќи секој султан сакал да ја покаже својата моќност, секој од нив градел барем по една џамија низ градот. Најубава и најголема е Сулејмановата, потоа Фатиховата, а и Ахметовата џамија. Со основувањето на Турската република во 1923 година, престолнината била преселена во Анкара, а градот од 1930 година се нарекува Истанбул.

Име на градот

  • Византион (старогрчки Βυζάντιον) бил основан во 667 година п.н.е. од страна на мегарските колонисти. Така бил наречен според нивниот владетел Бизас. Од ова име подоцна произлегло и името на Византиската империја. За многу краток период градот го носел и името Август Антонија кое било дадено од страна на императорот Септимиј Север во чест на неговиот син Анатониј.
  • Нов Рим (старогрчки:Δευτέρα Ρώμη) градот своето име го добил по изборот за нова престолнинана Византија од страна на Константин I во околу 330 година. Но ова име не се задржало многу во употреба. Самото име било користено во времето на Големата шизма.
  • Константинопол (старогрчки Κωνσταντινούπολις) ова име го имал околу 16 века или поточно од 330 година се до 1930 година. Името произлегува од императорот Константин I, а во превод значи “градот на Константин“. Во времето на Византија исто така било употребувано и името Византион. Името Константинопол продолжило да се употребува и по Падот на Константинопол(1453)|падот на Константинопол, со исклучок во времето на Мустафа III (1717 - 1774) кога градот се нарекувал Исламбол, односно Истанбул кој што значи полн со ислам.
  • Цариград e традиционалното словенско име на градот и како таково се срекава во сите словенски јазици. Во превод Цариград означува “град на царевите“. Ова име било користено и од страна на подчинетите грци во Османлиската империја како и Стинполи („шетање во град“). Многу популарно име бил и Станбол во времето на Османлиската империја.
  • Истанбул е име кое градот го добил по 28 март 1930 година и превртот во Турција. Самиот збор Истанбул означува “кон градот“.


Географија

Клима

Климата во најголемиот град на Турција е умерено-континентална, погодна за дел од почвата да се користи во земјоделието.

Местоположба

Опасност од земјотреси

Демографија

Религија

Образование

Градски населби

Адалар, (Avcılar), (Bağcılar), (Bahçelievler), (Bakırköy), (Bayrampaşa), Бешикташ, Бејоглу, (Büyükçekmece), (Beykoz), (Çatalca), (Eminönü), Ејуп, (Esenler), Фатих, Газиосман Паша, (Güngören), (Kadıköy), (Kağıthane), Картал, Кучукџемекче, (Maltepe), Пендик, (Sarıyer), (Silivri), (Sultanbeyli), (Şile), (Şişli), Тузла, (Ümraniye), Искидар, (Zeytinburnu)


Знаменитости

  • Топкапи сарај (двор) (Topkapı saray) — во време на Османската Империја, замокот бил резиденција на турските султани.
  • Света Софија (Hagia Sophia, Aya Sofya) — црква којашто била претворена во џамија по заземањето на Византија од страна на Турците.
  • Капали Чарши (Kapalı Çarsı) — покриен пазар
  • Џамија Султан Ахмед (Sultan Ahmet) — позната и како „Сината џамија“ во Истанбул
  • Улица Истиклел (İstiklal Caddesi) — познат булевар во Истанбул
  • Златниот рог (Halıç) — залив на Босфорот
  • Кулата Галата (Galata Kulesi) — кула во населбата Галата
  • Долмабахче сарај (Dolmabahçe Sarayι) — резиденцијата на Мустафа Кемал Ататурк, сега музеј
  • Плоштад Таксим (Taksim Meydanı) — плоштад
  • Олимписки стадион „Ататурк“

Родени во градот

Починети во градот

Збратимени градови

Галерија

Надворешни врски

Референци







Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History