
Историја е поим што означува информација за минатото. Кога се користи како име за поле на студии, „историја“ се однесува на изучување и објаснување на минатото на човечките општества. Поимот „историја“ потекнува од грчкиот збор "ιστορία" или historia, што значи расказ, иследување, испитување односно познавање на она што е испитано и ја дели истата етимологија со англискиот збор story (приказна). Во поширока смисла на зборот, историја е се што се случило, како во човечкиот живот, така и во природниот свет.
Содржина |
Историчарите добиваат податоци за минатото од различни извори, како што се пишаните или печатените, монети и други артефакти, градби и споменици, како и преданија. Се што се случило пред забележаната историја се означува како праисторија.
Како историски извори може да послужат визуелните извори (извори кои можат да бидат во облик на илустрации, цртежи, слики, мапи, постери, фотографии, археолошки ископини и др.), писмените извори (кои се во облик на написи, тестаменти, книги, пописни материјали, дневници, мемоари и др.), оралната историја (во вид на раскажување или сеќавања на постари лива), и аудиовизуелните извори.
Средниот век се дели на:
Средниот век може да се подели и според уметничките правци; во општествените односи преовладува феудализмот
На полето на уметноста Новиот век се дели на:
Историја се може да се проучува според областити или народи:
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History