
| Оваа статија бара внимание за да ги исполни стандардите за квалитет. На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија. |
Кавадарци е град во југо-западниот дел на Повардарието.
Се наоѓа во централна Македонија, поточно во Тиквешијата и е воедно и центар на Тиквешијата. Градот лежи на надморска восочина помеѓу 230 и 270 метри. Во него имаат влијание како Континенталната, така и медитералната клима, при што просечната годишна температура изнесува 13,5 С, (со летна температура преку 40 С, а зимската и до минус 25) За потеклото на името Кавадарци постојат многу легенди, „најсакана“ е онаа за овчарот што си ја барал кравата, а научно гледано името доаѓа од новогрчкиот збор Кавадион - што значи скапоцена наметка. Кавадарци во пишани документи за првпат се споменува во 16-ти век. Но постоењето на многу манастири од 14-от, 15-от и 16-от век покажува дека населбата Кавадарче, Кавадарџик, Каварџик ... постои од порано. Првите световни училишта во Кавадаречко биле отворени во почетокот на 17-от век, во населбата Ваташа која денес е сврзана со градот Кавадарци била пренесена првата печатница на Балканот, во Кавадарци е создадена првата република на Балканот (многу порано од Крушевската, но пради своето неспектакуларно создавање и гасење, не многу позната во историјата). Во 1894 год. по иницијатива на Даме Груев е формиран комитет на ТМОРО кој е прв комитет во Македонија по Солунскиот. Од почетокот на 20от век во Кавадарчко и Тиквешијата делуваат неколку револуционерни организации кои се бореле за осамосталување на Македонија од Османлијската, а подоцна и од српската окупација. На 19.06.1913 година, било дигнато востание и за кратко време биле ослободени Кавадарци, Ваташа, Неготино и голем број на села во Тиквешијата. Но ова Тиквешко востание накрајот било задушено од српските окупатори и биле погубени околу 500 Тиквешани со што се забележува како најкрвавиот настан во историјата на овој регион. Во 1919 година е формирана кумунистичката партија во Тиквешкиот регион и во периодот до завршувањето на втората светска војна е главен носител на револуционерното движење. Во втората светска војна до ослободувањето на 07.09.1944год. Кавадарци даде 330 жртви од кој најболни останаа Дванаесетте Ваташки деца. Во најглупата војна од поново време - војните при распаѓањето на СФРЈ, Кавадарци и ако не вклучено директно во војните загуби свои синови како во Словенија така и во Хрватска.
Идеалните географско/метеоролошки услови овозможувале да Тиквешкиот регион се развива како земјоделски крај во кој се одгледуваат голем број на земјоделски култури. Во поново време се издвојува лозаропроизводството. Но тука исто така е добро познато тутунопроизводството (во периодот на шеесетите и седумдесетите години било произведувано и до 1’000’000 кг. тутун), а плантажите со афион и памук веќе се минато. Со изградбата на браната на Црна река, кај Возарци и создавањето на акумулационото езеро Тиквеш се оди во правец на развивање на земјоделството, а со изградбата на металуршкиот гигант ФЕ-НИ се уништува еколошки чистата средина и несвесно се работи на уништување на овој земјоделски крај.
Содржина |
Градот се наоѓа во средишниот дел на котлината и областа Тиквеш и претставува нејзино централно место. Од Скопје Кавадарци е оддалечен 105 km, најблизок град е Неготино одалечено 10 km, а преку одличен пат Кавадарци е поврзано со Прилеп (51 km) кој продолжува кон Битола, Ресен и Охрид. Градот Кавадарци е распослан на двата брега на реката Луда Мара на надморска височина од 230 до 270 метри.
Според пописот од 2002 година, во градот Кавадарци живеат 29188 жители и спаѓа во групата на средно-големи градови. Етничкиот состав на населението во градот е:
Населението во градот, а воопшто и во целиот регион најмногу се занимава со лозарство. Најзначајни стопански објекти се Винарската Визба “Тиквеш“, Металургискиот комбинат за фероникел „ФЕНИ“, фабриката „Металекс“, а во поново време во огромен подем се и многуте приватни винарии и винарски визби. Кавадарци има 38741 жител (цела општина)од кои 37499 се македонци, 2 албанци, 167 турци, 679 роми, 27 власи, 218 срби, 4 бошњаци, 145 останати
Населбата Кавадарци прв пат е спомената во турски документи од 1823 година. Во документот Кавадарци е спомнат како мала населба (“касаба“) со околу 2.000 жители во крајниот источен дел на тогашниот Битолски Вилает. Како град Кавадарци почнува да се развива во почетокот на XIX век, меѓутоа во околината се наоѓаат археолошки ископини што укажуват дека овде постоела населба уште во античко време и во Средниот век. Како сведоци од средниот век се многуте прекрасни средновековни цркви и манастири во околината особено околу пештерите на бреговите на Тиквешко езеро.
Денес за Кавадарци можеме да кажеме дека е еден од поважните градови во Македонија бидејќи се повеќе се инвестира во него и како што знаеме голем број од поголемите фирми се сместени токму во Кавадарци.
Овој град исто така е познат и по прогласувањето на град со најубав парк во Република Македонија а исто е познат и по големиот историски споменик ,, Костурница ,, која се наоѓа токму во овој парк на врвот од каде се гледа целиот град.
Берово • Битола • Богданци • Валандово • Велес • Виница • Гевгелија • Гостивар • Дебар • Делчево • Демир Капија • Демир Хисар • Дојран • Кавадарци • Кичево • Кочани • Кратово • Крива Паланка • Крушево • Куманово • Македонски Брод • Македонска Каменица • Неготино • Охрид • Пехчево • Прилеп • Пробиштип • Радовиш • Ресен • Скопје • Струга • Струмица • Свети Николе • Тетово • Штип
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History