Свети Климент Охридски


Free Web Hosting with Website Builder
Св. Климент Охридски

Икона на Св. Климент Охридски
Ученик на Св. Кирил и Методиј
Роден(а) 840, непознато
Починал(а) 916, Македонија
Почитуван(а) во МПЦ, БПЦ
Главна црква Плаошник
Празник 9 август и 8 декември
Атрибути Глаголица, кирилица
Покровителство Охрид и Република Македонија
Категорија:Светци

Свети Климент Охридски е еден од учениците на Кирил и Методиј кој учествувал во извршувањето на Моравската мисија. По смртта на Св. Методиj бил истеран од Панониjа од Германците и побарал спас во Бугариjа, која управувала со голем дел од Македонија во тоа време.

Со дозвола на бугарскиот цар Борис I оди во Охрид, во областа Кутмичевица каде во 886 година ја формира Охридската книжевна школа или попозната како прв словенски Универзитет, од кој како подготвени излегле 3500 ученици.

Климент Охридски е познат по тоа што ја има создадено кирилицата, која ја прави врз основа на грчката азбука но со модифицирани букви за прилагодување кон словенските фонетски карактеристики.

Икона на Св. Климент Охридски.

Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско проветителски, Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и похвални слова како похвалата на Кирил Филозоф, похвалата на пророкот Захариј и св. Јован Крстител, за Кирил и Методиј, Јован Крстител, Михаил и Гаврил. Но, во неговото творештво преовладуваат поучителните слова кои се однесуваат на општохристијанските светители: Св.Ѓорѓи, Св.Тома, Св.Антониј, потоа слова посветени на Богородица и слова посветени за настаните од животот на Исус Христос.

Св. Климент бил и првиот епископ словенски со титула епископ велички.

Црквата Св. Климент на Плаошник, Охрид.

Во чест на светецот, во Република Македонија и Бугарија многу училишта, улици и државни институции го носат неговото име. Најголемата црква во Скопје (соборниот храм) го носи името на Свети Климент. Исто така името на светецот го носат бугарската антарктичка станица, универзитетот во Битола и Софискиот државен универзитет во Бугарија.

Дела

  • Похвала на Кирил Филозоф
  • Похвала на словенските учители Кирил и Методиј
  • Од опширното житие на Кирил Филозоф
  • Од опширното житие на архиепископот моравски Методиј
  • Похвално слово на бестелесните Михаил и Гаврил
  • Похвално слово за четиридневниот Лазар
  • Поука за блудниот син








Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History