
| Археолошки локалитети во Република Македонија |
|
|---|---|
|
Ковачилница
(Република Македонија) |
|
| Име | Ковачилница |
| Место | Берово |
| Период | железно време, доцноантичко време, среден век |
| Тип |
|
Археолошкиот локалитет Ковачилница е утврдена населба од железното и доцноантичкото време и средниот век. Се наоѓа на 7km источно од Берово, лево од коритото на Брегалница, на височина скриена во планинскиот предел. Јужната и северната страна се стрмни и опкружени со суводолици, додека другите две се малку поблаги и преку мали преслапи се надоврзуваат на ридот Градиште. На самиот врв на височинката има елипсовиден простор, со димензии од 25x15m, опкружен со остатоци од бедем и речиси целиот покриен со кршен камен и згура од топена руда. На падините, особено од западната и југозападната страна, се среќаваат фрагменти од атипична керамика од железното време, како и од доцноантичкото време. Локалитетот е доста прекопан од трагачи по злато.
|
|
|
|---|---|
|
Бреза • Врчвите • Градиште • Долно Градиште (Јабланица) • Келаклевец • Ковачилница • Куќата • Линако • Пашајлов Преслап • Попов Рид • Свети Архангел Михаил • Селца • Шабанско Градиште • Широк Дол |
|
|
Целосна листа | Берово | Будинарци | Владимирово | Двориште | Мачево | Митрашинци | Негрево | Панчарево | Пехчево | Ратево | Робово | Русиново | Смојмирово | Умлена | Црник | Чифлик |
| Оваа статија поврзана со археологија е никулец. Може да помогнете со нејзино проширување. |
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History