
Горица (албански: Korçë, грчки: Κορυτσά, влашки: Cоrceaо, турски: Görice) е град и центар на истоимената префектура во југоисточниот дел на Република Албанија. Според пописот од 2003 г. во него живеат 60.000 жители и тој е петтиот по големина град во Албанија.
Првото име на градот било Горица, најверојатно основан од етнички средновековни Македонци. Името на градот доаѓа од македонскиот збор Горица (мала Планина). Припаѓал на областа Девол, која била под директна управа на македонските словенски епископи од Охрид и Охридската Архиепископија. Се спомнува во документ од 13 век (12 г.), кога Карло Први му го подарил на севастократорот П.Гропа селото Zuadigoriza (=Света Горица) во подрачјето на Девол. Затоа и турците османлии градот го нарекувале официјално како Görice.
Во Горица живее голема влашка заедница, како и бројно македонско население, а исто така и голем број на православни етнички албанци. Локалното радио од овој град емитува и програми на македонски јазик наменети за етничките македонци од тој крај.
Во Горица било отворено првото училиште на албански јазик во 1887 г., а во 1891 г. било отворено и првото училиште за девојчиња од страна на ароманскиот (влашкиот) учител Хараламбие Баламачи (подалечен роднина на Константин Белемаче, авторот на влашката химна), кој по отворањето на училиштата за Албанците, отворил и повеќе влашки училишта во Горица.
| Ова е недовршена статија за географија. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка. |
|
|||||||
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History