Кратово


Free Web Hosting with Website Builder
Кратово

Кратово се наоѓа на западната страна од планината Осогово, во кратер на неактивен вулкан. Целиот регион бил населен уште од римски период. Градот е 600 метри надморска висина и е познат дури и во време на Рим како рударски град под името Кратишкара. Особено е значаен за развитокот на рудната индустрија. Во Византискиот период Кратово е познато како Коритос или Коритон. Во тоа време, Кратово тргувало со злато, сребро и бакар. Важноста на овој мал град е забележана и од Турскиот Султан Мурат кој поминувајќи со својата армија низ Македонија, застанал во Кратово да го видат градот на златото и среброто. Во 1689 градот е напуштен и рударските окна се затворени до 1805. Според патувачот Ами Буе, градот достигнал 56 000 жители до 1836 година, но прикрајот на 19 век почнал да стагнира. Некои од интересните историски споменици во Кратово се 6-те кули (оригинално биле 12), кои служеле за чување на рударите, и мостовите во Кратово. Градот има многу интересна архитектура од 19 век, а тука се наоѓа истотака и единствената детска галерија на слики во Европа.

Тука, во 1903 година, загинал и познатиот комитски војвода од овие краишта, Атанас Бабата. Во Кратово е роден Павел Шатев, солунски гемиџија, и Ефрем Каранов, истакнат бугарски научник.

Долината на куклите е редок природен геолошки споменик што се наоѓа на 20 километри од Кратово, кај селото Куклица, чија старост се проценува на 2-3 милиони години. Целиот Кратовски предел лежи врз планински масив од вулканско потекло.

Население

Според пописот од 2002 година, во градот Кратово живеат 6924 жители од кои:

  • Македонци 6724 (97,11%)
  • Турци 8
  • Роми 151
  • Власи 1
  • Срби 27
  • останати 13

Видете исто така

  • Кратовски кули
  • Кратовски мостови

Надворешни врски







Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History