Кузман Шапкарев


Free Web Hosting with Website Builder

Кузман Шапкарев (Охрид, 1 февруари 1834 - Софија, 18 март 1909), македонски преродбеник, еден од најзначајните собирачи, публикатори и афирматори на македонски народни умотворби и еден од првите македонски учебникари.

„Зборник на Бугарски народни умотворенија“, Софија, 1891

Ги објавил делата „Бугарски буквар“ (1866), „Голема Бугарска читанка“ (1868), „Зборник на Бугарски народни умотворенија“ (1891 -1894), „Зборник на народни умотворенија, наука и книжнина“, „Материјали за животописот на браќата Миладинови Димитрија и Константин“ (1884), како и осум учебници што ги напишал за потребите на училиштата во Македонија.

Кузман Шапкарев е роден во семејство на сиромашен занаетчија. Завршил основно училиште, но заради сиромаштија морал да го прекине образованието.

До промена во неговиот живот дошло кога му понудиле да го заземе учителското место на неговиот чичко. Така станал учител и учителствувал во Битола, Охрид, Струга, Прилеп и Кукуш. Тогаш ги запознал Димитрија и Константин Миладинови.

По стапките на Димитрија Миладинов, кој му станал дедо, зашто Кузман се оженил со неговата ќерка, почнал да собира народни песни и умотворби.

Кога браќата Миладиновци бидуваат затворени, Кузман безуспешно се обидува да им помогне. По нивната смрт, тој отишол да учителствува прво во Прилеп, а потоа во Кукуш.

Кон крајот на својот живот заминал за Бугарија, надевајќи се дека полесно ќе ги отпечати збирките народни умотворби со народни песни, македонски обичаи, стари приказни, поговорки и друго. Волуменот и квалитетот на собраниот материјал го вбројуваат Шапкарев меѓу најголемите собирачи на народни умотворби не само од Македонија, туку од целиот Балкан.

Починал во Софија во 1909 година.

Творештво

Надворешни врски







Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History