Лабуништа


Free Web Hosting with Website Builder

Лабуништа е село во Општина Струга.

Лабуништа
Лабуништа (Република Македонија)
Лабуништа
Лабуништа
Општина Општина Струга
Население  5936 жители жители
Поштенски број 6336
Повикувачки број  
Надморска височина  
Географска широчина 41° 16' 6" сев. ш.
Географска должина 20° 35' 45" ист. д.
Веб страница www.Labunista.Com.Mk

Содржина

Географиja и местоположба

Природно-географски карактеристики

Населбата Лабуништа е лоцирана во подножјето на планината Јабланица. Синорот на Лабуништа опфаќа 1930 хектари, 64 ари и 49 квадратни метри. Лабуништа се наоѓа на 865 метри надморска височина (мерно место кај училиштето) и припаѓа на населба од ридско-планински збиен тип. Покарактеристичните надморски височини м.н.в. место викано Долишта; 784 м.н.в. кај Боровчки Мост на Лабунишка Река; 882 м.н.в. кај Градиште; 865 м.н.в. во центарот на населбата; 998 м.н.в. кај Стојанов Камен; 989 м.н.в. кај Џамов Рид; 1094 м.н.в. кај Горна Краста; 1028 м.н.в. кај Зло Шума; 1103 м.н.в. кај Џупани; 1268 м.н.в. кај местото Челов Камен; 1540 м.н.в. на врвот Слива; 1570 м.н.в. на местото Гола Краста; 1712 м.н.в. на висорамнината Леништа; 1794 м.н.в. кај местото Ќеримов Гроб; 2257 м.н.в. кај Црни Камен; 2233 м.н.в. на врвот Стрижак; 2037 м.н.в. на местото Инџол; 1973 м.н.в. Голабов Камен; 1733 м.н.в. кај Тафоф Извор; 1098 м.н.в. на местото Локва; 2054 м.н.в. кај планинскиот врв Пупулјак и др. Надморската височина се движи од 739 м.н.в. кај Долишта и Зејгазец до 2257 метри на Црни Камен на планината Јабланица. Релативната височина изнесува 1518 метри. Тоа покажува дека синорот на Лабуништа содржи: планински, високопланински и аплски терен што е многу стрмен, испречен со долови и реки, но има и мал полски терен. Лабуништа е расположено на два дела, природно разделено и со текот на Лабунишка Река. Тоа дава прекрасна слика на Лабуништа. Од едната страна е завиено со питома костенова шума на планината Јабланица, а од левата страна се простира карпестиот дел што постепено се оплеменува и се озеленува со зимзелени растенија. Од десната страна на центарот се наоѓа седиштето на општина Лабуништа, основана на 17 ноември 1996 година. На овој дел се наоѓа верскиот објект Мехмедалиевата Џамија подигната во 1794 година, а обновена во 1990 година, таа е подигната со ферман од султанот.

Историja

Ортографски карактеристики

Лабуништа има неправилно триаглеста форма. Се протега од Кутел на север и северозапад кон југ и југоисток. Релјефот на теренот е комбиниран. од областа Кутел, мал рамничарски дел, постепено преминува во ридски терен, од двете страни на Лабунишка Река, преминува во планински дел обраснат со шумска вегетација и со големи нагиби. Во западниот и во северозападниот дел се наоѓа планинскиот дел со шума и пасишта. Полскиот терен опфаќа 1100 хектари површина. Ридскиот терен започнува веднаш над полската обработлива површина и излегува во планинскиот предел. Тој е со каменеста подлога и грмушеста вегетација, со надморска височина од околу 800 до 1096 метри. Планинскиот терен е обраснат со шуми и пасишта и зафаќа околу 50 % од вкупната површина на надморската височина од 1096 до 1642 метри. Високо планинскиот терен е на надморска височина од 1642 до 1699 метри.

Демографија

Според пописот од 2002 година [1] селото броело 5936 жители, од кои:

Поради социолошки, економски и политички влијанија, муслиманското население во селото се декларира со различни националности, како Турци, Албанци и слично.

95% од населението на Лабуништа се Македонци муслимани.

Климатски услови

Врз климатските услови на ова подрачје, кое припаѓа на Струшко-Охридската Котлина, големо влијание има водната маса на Охридското Езеро (чија надморска височина се движи од 695 до 760 м.н.в), планинските масиви на планините: Јабланица, Караорман и Стогово. Од Јадранското Море е одалечено околу 110 километри и преку преслапот од запад постојат услови за продирање на ваздушни маси (од југозападниот дел од Ќафасан и Свети Наум, преку Мокра, по течението на реката Шкумба). Но во Охридско-Струшката Котлина, во поголема мера, изразено е влијанието на езерото што се гледа во повисоките температури на ваздухот во зимските месеци и нешто смалените температури во летните месеци. Планината Јабланица го здржува директното влијание на јадранската клима. Поради отвореноста на Струшко-Охридската Котлина преку долината на Црни Дрим, од север во зимските месеци продираат студени воздушни маси што ја снижуваат температурата на ваздухот, особено во Струшкото Поле. Тоа се одразува како на екстремните така и на просечните температурни вредности.

Администрација и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Поштенски и телефонски сообраќај

Во Лабуништа има пошта (број 6336). До крајот на 2001 година работеше како: пошта, телефонски и телеграфски сообраќај, а од втората половина на 2001 година работи посебна телефонска централа со преку 1500 телефонски приклучоци. Поштенскиот сообраќај од Лабунишката пошта се извршува за населбите: Лабуништа, Подгорци, Боровец и Јабланица. Управител на поштенската единица 6336 во Лабуништа е Ирфан Мемишоски, а поштари се: Сефер Оџоски и Азмија Ќазимоски. Во Лабуништа постои месна канцеларија, раководител Стојан Јовчески, а администратор Фатмир М. Нуроски. Во 1999 година во Лабуништа се формира, и постои, општинско пензионерско здружение.

Сообраќајни врски

Лабуништа има поволни сообраќајни врски, и тоа во следните насоки: низ населбата поминува главната улица. Таа од центарот надолу се спушта југоисточно, со асфалтирана подлога, во должина од 4 км сè до место викано „Суво Поле“ („Кореја“). Со овој локален пат се поврзува со регионалниот пат Струга – Дебар, па преку Струга, односно преку Ох-рид, Битола, Прилеп, Велес се доаѓа до Скопје. Друга насока: Лабуништа – Струга – Кичево – Гостивар – Тетово – Скопје . Трета насока: Лабуништа – Суво Поле – Дебар – Гостивар – Тетово – Скопје . Ова укажува дека Лабуништа е добро поврзано со сообраќајниот тек во Република Македонија, а преку неа и со светот. За поволната сообраќајна положба на Лабуништа придонесува и блискоста со меѓуна-родниот аеродром „Охрид“. Лабуништа има уредена, асфалтирана и поплочена сообраќајна мрежа во вкупна должина од 7 км низ целата населба. Со соседното село Подгорци сообраќајната поврзаност е со асфалтен пат што води од центарот на Лабуништа, од административната зграда на општина Лабуништа, па низ прекрасниот предел на костеновата шума, низ трапот Златарец и пристиг-нува до влезот на Подгорци во должина од 2,5 км. За Подгорци води уште еден шумски пат, „Горни Пат“. Тој почнува од м.в. Ориште (Лабуништа), оди по „Водач“, поминува над споменикот каде што е убиен поп Стојан Крстиќ (1889) и стигнува во горниот дел на с. Подгорци. Трет правец тргнува откај Агушов Мост, (Асанов Мост), над маалото Пилчаровци и кај влезот на првите куќи до гробиштата на Подгорци се поврзува со асфалтниот пат Лабуништа – Подгорци. Со соседното село Боровец сообраќајната поврзаност е следна. Кај мостот за Боровец, пред влезот за Лабуништа, се извлекува посебен крак за Боровец, асфалтиран во должина околу 4 км, а оттаму продолжува за селото Јабланица. За Боровец водат уште два патни правци, и тоа: еден над маалото Мустовци и еден над пограничната караула на АРМ. Двата патни правци се спојуваат на место викано Горна Краста и продолжуваат едниот низ местото Другвец (чешма со бистра планинска вода за пиење), а вториот се дели од Горна Краста, поминува стрмно низ Боровечки Осој и се спушта над куќите во маалото Мачовци, во Боровец. Патниот меѓумесен сообраќај со туристичките места Струга и Охрид се одвива со секојдневна автобуска линија од 5,30 часот наутро до 20,00 навечер, на секој половина час на релација Лабуништа - Струга и обратно. Сообраќајот го извршува сообраќајното претпријатие АТП „Палм-Турист“ од Лабуништа, сопственост на Асим Кормакоски.







Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History