
Лазарополе е село во Општина Маврово-Ростуше.
| Лазарополе | |
|
Лазарополе (Република Македонија)
|
|
| Општина | Општина Маврово-Ростуше |
| Население | |
| Поштенски број | |
| Повикувачки број | |
| Надморска височина | 1 350 m m |
| Географска широчина | 41° 32' 9" сев. ш. |
| Географска должина | 20° 41' 37" ист. д. |
| Веб страница | |
Содржина |
Речната долина во западна Македонија, која со нејзината северна страна се граничи со Шар Планина, на запад со планината Кораб, Дешат и Крчин, од исток со Бистра и Стогово, а од југ со Дебарската котлина, се вика РЕКА.Низ оваа долина тече реката Радика десна притока на Црн Дрим.Реката Радика настанува од две реки:Горна или Голема река и Мала река. Извира од планината Кораб, а Мала река од ограноците на Бистра, во близина на селото Тресонче.Мала река, како лева притока на реката Радика, ги прибира во своето корито Селечка, Росочка, Гарска и други помали рекички како Осојска и Сушичка.Во малореканскиот предел се наоѓаат селата Галичник, Лазарополе, Тресонче, Гари, Осој, Росоки, Селце и Сушица, познати како типично мијачки населби. Лазарополе е второ по големина село во малореканскиот предел и се наоѓа на 5 часа источно од Дебар на планината Бистра, прочуена по својата убавина.Населбата се наоѓа на 1350 метри надморска височина,изградена на карстно-варовничко поле по име Коритник. Околни планини се Јама и Лопушник на простор опкружен со бујни дабови и букови шуми,питоми планински пасишта.Поради овие поволни услови, во овој крај се развило и афирмирало сточарството, поточно овчарството познато по своите висококвалитетни производи, особено сирење и кашкавал.Со својата локација Лазарополе за свои непосредни соседи ги има селата: Росоки, Сушица, Галичник, Селце, Тресонче, Гари, Осој, Могорче, Ехловец и Душегубица. Лазарополе има планинско континентална клима, со повремени медитерански влијанија.Таа се карактеризира со свежи пријатни лета и со благи не многу сурови зими.Засолнета локацијата е примамлива за сите годишни времиња.Во летните месеци температурата достигнува до 30 степени над нулата,а преку зима варира, ведрите ноќи можат да бидат многу студени, а преку ден покрај голема бела снежна покривка да се ужива на пријатниот сончев припек.
Лазарополе настанало од раселените жители на две позначајни и познати селски населби. Првото е Главино село кое се наоѓало на северозапад од Лазарополе и за кое се претпоставува дека било главно село во Мијачијата.Остатоци на зидови и темели од куќи на ова село се сеуште видливи на неговата локација. Второто село е Лопушник кое се наоѓало на исток од денешно Лазарополе, а од него останало само неговото име на една месност во Јама. Трагајќи по стари историски извори за потеклото и подалечното минато на Лазарополе, дознаваме дека тоа од своето постоење било населено со Македонци од православна вероисповед.Жителите на ова село припаѓале на познатото словенско племе Мијаци.Во структурата на животот на Мијаците имало племенски совет.Во секое село имало племенски главатар.По разни поводи го повикувале народот на Собор.
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History