
Лазар Соколов е роден е 1914 година во Куманово. Во времето на студиите во Белград се вклучил во студентското национално-ослободително и комунистичко движење. Дејствувал во МАНАПО, за што бил затворен. Во 1941 година станал член на КПЈ, а во есента 1943 година, незадоволен од Манифестот на Главниот штаб, му пристапува на АНОК. Бил избран за член на АВНОЈ. Учесник е на Првото заседание на АСНОМ на кое е избран во Президиумот како повереник (министер) за финансии на Македонија. Член е на Президиумот до Третото заседание на АСНОМ, одржано од 14 до 16 април 1945 и пополека бидува маргинализиран од раководењето на македонската република, бидејќи се залагал за независна, самостојна и обединета Македонија. Продолжува да се занимава со стручни економски функции. Починал во 1984 година.
| Оваа статија поврзана со лична биографија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History