Пиринска Македонија


Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија
Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија
Етничко македонско знаме се користи од македонците во Пиринска Македонија
Етничко македонско знаме се користи од македонците во Пиринска Македонија

Пиринска Македонија е дел од етничка Македонија. Се простира во југозападниот дел на денешна Република Бугарија, главно на територијата на Благоевградската област и е со површина од околу 7000 km2.

Содржина

Историја

Пиринска Македонија e дел од етничката македонска територија Македонија, кој по Букурешкиот мировен договор во 1913 година припаднал на Бугарија. Во антиката Пиринска Македонија најпрвин била дел од Пејонија и Тракија, а подоцна станала дел од царството Античка Македонија. Во римскиот период Пиринска Македонија доживува своевиден процут, за што сведочат повеќето археолошки ископини на атнички градови во близината на денешните градови Благоевград, Сандански и др. Во средновековниот период Пиринска Македонија била под власта на царот Самуил, Византија и балканските феудалци. Со доаѓањето на Турците, Пиринска Македонија бележи одредена стагнација, но сепак не го напушта својот непокорлив македонски дух. За време на Руско-турската војна во 1877-8 година, северниот дел на Пиринска Македонија ќе потпадне под руската окупациона зона, но по Берлинскиот конгрес ќе и биде вратен на Турција. На подрачјето на Пиринска Македонија е кренато Кресненското (Македонското) востание против османлиската власт во 1878/79 година со центар во Кресна, кое имало силен македонски национален карактер и цел да создаде независна автономна македонска држава. Кон крајот на XIX век на територијата на Пирин со својата чета ќе царува големиот македонски револуционер и великан Јане Сандански (близок соработник на Гоце Делчев и најголем борец против врховизмот) кој е познат под прекарот „Пирински цар“ и кој ќе го изврши познатото грабнување на протестантската мисионерка Мис Стон. По Втората светска војна во времето на владеењето на Георги Димитров, Македонците од Пиринска Македонија ќе добијат целосна културна автономија која требала преку законска рамка да прерасне во територијална и Пиринска Македонија да се обедини кон тогашната СР Македонија како кон матична држава во рамките на Балканската федерација.

Според пописот од 1920 населението броело 155.598 жители. Во декември 1946 во Народна Република Бугарија е извршен првиот повоен попис на населението. Од вкупно 252.908 жители во Пиринска Македонија 70% се изјасниле како етнички Македонци; десет години подоцна (1956 г.) при пописот на населението во Пиринска Македонија од вкупно 281.015 жители, како Македонци се изјасниле 178.862 — или 63% од целокупното пиринско население. Денес, Бугарија не ги прифаќа резултатите од тие пописи, со аргументи дека биле спроведувани на недемократски начин во услови на сталинизам и репресии. Во првиот попис по падот на комунистичката власт во Бугарија, во Пиринска Македонија како Македонци се попишале 10803 луѓе[се бара извор]. Според пописот од 2001 населението на Пиринска Македонија (Благоевградска област) брои 341.173 жители. Од нив како етнички македонци се декларирале 3117.[1]. Како мајчин јазик го декларирале бугарскиот 306.118 или 89,7%, 19.819 жители го признале за мајчин јазик турскиот, а 9.232 - ромскиот.

  • Официјални податоци од Бирото за статистика на Бугарија за националната структура на населението по околии од пописот во 1956 година:
Околии Санданска Петричка Благоевградска Разлошка Гоцеделчевска Вкупно
Македонци 89,49% 82,64% 52,18% 45,18% 45,77% 63,64% (178862)
Бугари 7,51% 15,15% 45,08% 39,05% 49,45% 33,33% (93671)
други 3,00% 2,16% 2,71% 11,92% 4,77% 3,03%

Население

Главна статија: Македонците во Бугарија.

Официјални податоци од Бирото за статистика на Бугарија за населението во Благоевградска област од пописот во 2001 година:

  • Етнички групи во Благоевградска област
Вкупно Бугарска Турска Ромска (циганска) Македонска Друга
341.173 286.491 31.857 12.405 3.117 7.303
100% 83.97% 09.34% 03.64% 00.91% 02.14%

Географија

Во целост Пиринска Македонија може да се подели на 3 географски целини:

  • Планината Пирин во средишниот дел.
  • Долината и сливното подрачје на реката Струма (западно од Пирин планина) која во јужниот дел се до границите со Република Македонија и Грција во околината на Петрич е во плодна широка рамнина (котлина).
  • Долината и сливното подрачје на реката Места (источно од Пирин планина) која исто така во јужниот дел во околината на градот Гоце Делчев е плодна и пространа рамнина со повисока надморска височина од Петричкото поле.

Список на населените места во Пиринска Македонија

Општина Банско

Банско, Гостун, Добриниште, Кремен, Места, Обидим, Осеново, Филипово

Општина Белица

Бабјак, Белица, Врхари, Гaл’бово, Горно Краиште, Дагоново, Златарица, Краиште, Кузово, Лјутово, Орцево, Палатик, Черешово

Општина Благоевград

Бело поле, Бистрица, Благоевград, Бучино, Б’лгарчево, Габрово, Горно Хрсово, Дебочица, Делвино, Дренково, Д’брава, Еленово, Зелендол, Изгрев, Клисура, Лешко, Лисија, Логодаж, Марулево, Моштанец, Обел, Падеш, Покровник, Рилци, Селиште, Церово

Општина Гоце Делчев

Баничан, Борово, Брезница, Буково, Господинци, Гоце Делчев, Делчево, Добротино, Драгостин, Корница, Л’жница, Мусомишта, Средна

Општина Грмен

Балдево, Горно Дреново, Грмен, Дебрен, Долно Дреново, Д’бница, Ковачевица, Крушево, Лештен, Марчево, Огнјаново, Ореше, Осиково, Рибново, Скребатно, Хвостјане

Општина Јакоруда

Аврамово, Бел камен, Бунцево, Јуруково, Јакоруда Конарско, Смолево, Черна Места,

Општина Кресна

Влахи, Кресна, Горна Брезница, Долна Градешница, Оштава, Сливница Стара Кресна,

Општина Петрич

Баскалци, Беласица, Богородица, Боровичене, Вишлене, Волно, Габрене, Гега, Генерал Тодоров, Горчево, Долене, Долна Крушица, Долна Рибница, Долно Спанчево, Драгуш, Дрангово, Дреновица, Дреново, Зојчене, Иваново, Јаворница, Јаково Кавракирово, Камена, Капатово, Кладенци, Клуч, Коларово, Кромидово, Крнџилица, Кукурахцево, Кулата, Крналово, Марикостиново, Марино поле, Мендово, Митино, Михнево, Ново Кономлади, Рупите, Петрич, Право брдо, Првомај, Рибник, ’Рждак, Самуилова крепост, Самуилово, Скрт, Старчево, Струмешница, Тонско дабе, Тополница, Чурилово, Чуричени, Чучулигово,

Општина Разлог

Бања, Бачево, Годлево, Горно Драглиште, Доб’рско, Долно Драглиште, Елешница, Разлог

Општина Сандански

Белевехчево, Бељово, Бождово, Виногради, Вихрен, Врања, В’лково, Голем Цалим, Голешово, Горна Сушица, Горно Спанчево, Дамјаница, Дебрене, Долени, Зорница, Златолист, Јаново, Калиманско, Катунци, Кашина, Ковачево, Крстилци, К’рланово, Ладарево, Ласкарево, Лебница, Левуново, Лехово, Лешница, Лилјаново, Лозеница, Лјубовиште, Лјубовка, Малки Цалим, Мелник, Ново Делчево, Ново Хоџово, Петрово, Пиперица, Пирин, Плоски, Поленица, Рожен, Сандански, Склаве, Спатово, Стожа, Струма, Сугарево, Хотово, Храсна, Хрсово, Черешница, Џигурово,

Општина Сатовча

Боголин, Ваклиново, В’лкосел, Годешево, Долен, Жижево, Кочан, Крибул, Осина, Плетена, Сатовча, Слаштен, Туховишта, Фргово

Општина Симитли

Брежани, Брестово, Горно Осеново, Градево, Докатичево, Долно Осеново, Железница, Крупник, Мечкул, Полена, Полето, Ракитна, Сенокос, Симитли, Сухострел, Сушица, Тросково, Черниче

Општина Струмјани

Велјуштец, Вракуповица, Гореме, Горна Крушица, Горна Рибница, Добри лаки, Драката, Игралиште, Илинденци, Каменица, Клепало, Колибите, Крпелево, Махалата, Микрево, Никудин, Палат, Раздол, Седелец, Струмјани, Цапарево

Општина Хаџидимово

Абланица, Беслен, Блатска, Гајтаниново, Илинден, Копривлен, Л’ки, Нова Ловча, Ново Лески, Парил, Петрелик, Садово, Теплен, Тешово, Хаџидимово

Македонски весници во Пиринска Македонија

Надворешни информации и врски


! __







Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History