Македонскиот јазик се наоѓа во јужната група на словенски јазици од индоевропското семејство. Залагањето за создавање на македонски литературен јазик датира уште од почетокот на XIX век, со појавата на Просветителите. Тие се застапувале за употреба на македонски народен јазик, на кој и ги пишувале своите книги и текстови, а првите книги се со религиска содржина за да ја приближат верата до народот. Од големо значење се залагањата на Јоаким Крчовски, Кирил Пејчиновиќ, и Теодосиј Синаитски, а посебно се истакнуваат Ѓорѓија Пулевски и Крсте Петков Мисирков, кој во својата книга „За македонцките работи“ одвојува статија во која ги изјавува своите ставови за начинот на формирање на македонски литературен јазик. На Првото заседание на АСНОМ, 2 август 1944, е донесен решение за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава. Комисијата за азбука и правопис своите ставови ги формулирала во Резолуција, донесена на 3 мај, а усвоена на 5 мај 1945 година. Заслугата на Блаже Конески за кодификацијата на македонскиот литературен јазик е во тоа што создал „Граматика на македонскиот литературен јазик“, „Речник на македонскиот литературен јазик“, како и „Правопис на македонскиот литературен јазик“, подготвен заедно со Крум Тошев, кој е озаконет на 7 јуни 1945.
Содржина |
Нашата азбука има 31 буква, колку што има гласови во македонскиот литературен јазик.
Аа, Бб, Вв, Гг, Дд, Ѓѓ, Ее, Жж, Зз, Sѕ, Ии, Јј, Кк, Лл, Љљ, Мм, Нн, Њњ, Оо, Пп, Рр, Сс, Тт, Ќќ, Уу, Фф, Хх, Цц, Чч, Џџ, Шш
Според звучноста, согласките се делат на безвучни, звучни и сонанти. Безвучните и звучните согласки образуваат корелативни парови.
а) звучна + безвучна = две безвучни (пред + пријатие = претпријатие)
б) безвучна + звучна = две звучни (сват + ба = свадба)
При изговор, доаѓа до обезвучување на крајот на зборот, и покрај тоа што се пишуваат звучните (леб, град, мраз).
Елизија е испуштање на гласовите. Најчесто се случува во множински форми (петел - петли; добар - добри).
Со голема буква се пишуваат:
Со мала буква се пишуваат:
1. Ј секогаш се пишува меѓу И и А.
Марија, историја, Македонија.
2. Кога во зборот ќе се најдат три самогласки една до друга, меѓу последните две се пишува Ј.
пееја, знаеја, умееја, успеаја.
3. Кај именките изведени од глаголи со наставката -јач.
пејач, сејач, скијач.
4. Се пишува во формите на заповеден начин.
пиј-пијте, пеј-пејте.
5. Во наставката на глаголскиот прилог -јќи.
одејќи, пеејќи, мислејќи.
6. Ј се пишува во еднинските форми кај некои зборови.
мој, кој, свој, твој, секој...
7. Ј не се пишува меѓу две самогласки од кои втората е Е или И.
мое, мои, бои, крои, шие.
1. Ќ се пишува во честичката за идно време ЌЕ.
ќе одам, ќе учам
2. Ќ се пишува во наставката -ЈЌИ.
одејќи, спиејќи
3. Ќ се пишува на почетокот од зборот.
ќебе, ќерка, ќерамида
4. Ќ не се пишува пред И кај туѓи зборови.
кибрит, килим, килибар
5. Ѓ не се пишува пред Е во туѓи зборови.
ангел, Германија, генерал
1. Л се пишува во зборовите:
лут, клун, клуч, лупи...
2. Пред Ј не се пишува Љ.
волја, фотелја, Билјана, неволја, крилја, илјада.
3. Во еднина: детаљ; во множина: детали.
Два или повеќе одделни збора добиваат ново значење откако ќе се спојат во еден сложен збор. Во зависност од степенот на срастување, овие зборови може да се пишуваат слеано или со цртичка меѓу компонентите.
1. Сложените именки и придавки поврзани со самогласките О и Е се пишуваат слеано.
2. Именките и придавките со прв дел: пол-, полу-, се пишуваат слеано.
3. Сложените именки или придавки кај кои првата компонента е број или бројна придавка.
4. Сложените именки од кои првата компонента им е глагол во заповедна форма.
5. Сложените именки и придавки на кои првата компонента им е заменска форма.
6. Имињата на празниците во чиј состав влегува зборот „ден“.
7. Сложените именки кај кои како прва компонента се јавуваат туѓите зборови: авио, авто, астро, хидро, микро.
8. Сложените именки кај кои втора компонента се грам, литар, метар.
9. Сложените придавки на кои првата компонента им е прилог.
10. Слеано се пишуваат и зборовите чија втора компонента е -пат, -пати.
11. Слеано се пишуваат и придавките: социјалдемократски, средновековен; како и сложените прилози: вчеравечер, едноподруго, отсега, напролет, предвид, претпладне, сосила, поинаку, понекогаш.
12. Негацијата НЕ се пишува слеано со придавки, прилози и именки. Со глаголите, негацијата НЕ не се пишува заедно. Исто така, не се пишува заедно со глаголскиот прилог.
13. Префиксите ПО- и НАЈ- за образување компаратив и суперлатив се пишуваат слеано.
1. Негацијата НЕ со глагол или глаголски прилог се пишува разделено.
2. Кратките заменски форми зад именките со роднинско значење.
3. Поздравите што се составени од два или повеќе збора (исклучок: добровечер).
4. Разделно се пишуваат и: сѐ уште, на пример, од сѐ срце.
Делењето се бележи со цртичка (-) во истиот ред, а во новиот го пишуваме остатокот од зборот.
Слоговите можат да бидат отворени и затворени.
а) Отворени се оние слогови што завршуваат на самогласка.
ра-ка
б) Затворени се оние што почнуваат и завршуваат со согласка.
вер-ник
Зборот го делиме онаму каде што завршува слогот.
1. Кога ќе се најдат две самогласки една до друга, тие се разделуваат.
бур-жо-а-зи-ја, пе-ат
2. Кога ќе се најдат две согласки една до друга, тие се разделуваат.
кос-ка, пот-тик-ну-ва.
3. Наставките: -ски, -ство и -ствен, се пренесуваат целосно во новиот ред, без разлика дали слогот завршува на самогласка или согласка.
тргов-ски, чув-ство
4. Наставките: -штво, -шки, -чки, може да се пренесат целосно, но може и да се поделат.
чове-штво/човеш-тво, ма-шки/маш-ки
1. Точка се пишува на крајот од расказните реченици и на крајот од речениците со кои се искажува блага заповед;
2. Правописно, точка се пишува кај скратениците;
3. Кога набројуваме, зад редните броеви (ако се напишани со арапски цифри);
4. Кај датумите, ако се напишани со арапски цифри, се пишува точка, а ако се напишани со римски не се пишува точка.
1. Со запирка се одделуваат еднаквите делови во реченицата (подмети, предмети, атрибути), како набројување.
Доматите, пиперките, морковите и компирите беа скапи оваа година.
2. Апозицијата се одделува со запирка.
Тони, мојот сосед, има убаво куче.
3. Извиците се одделуваат со запирка.
Оф, нешто ме боцна.
4. Вметнатите зборови и изрази се одделуваат со запирка.
Вие, се разбира, сте во право.
5. Зборовите за обраќање се одделуваат со запирка.
Мамо, јас ќе си легнам.
6. Запирка се става и пред зборовите: то ест, односно, и тоа, како и; пред спротивните сврзници: а, ама, но, туку.
Тој нема да дојде, т.е. не може да дојде. Јас го направив тоа, а не ти.
7. Потврдната честица ДА и одречната НЕ, се одделуваат со запирка кога стојат на почетокот од реченицата.
Да, ќе дојдам. Не, не доаѓам.
1. Составните реченици се одделуваат со запирка, освен кога се поврзани со сврзникот И. Пред сврзникот И никогаш не се пишува запирка.
Тој дојде, седна и почна да чита.
2. Спротивните реченици редовно се одделуваат со запирка.
Не зборувај, туку слушај.
3. Разделните реченици не се одвојуваат со запирка, освен ако втората е особено истакната или реченицата е премногу долга.
Или слушај ме, или ќе те истепам!
4. Исклучните и заклучните реченици се одвојуваат со запирка.
Сите дојдоа, само тој не дојде. Тој дојде, значи ме сака.
1. Сите зависни реченици кога се во инверзија или се вметнати, се одделуваат со запирка.
Кога ќе дојдеш, ќе учиме заедно.
2. Кога се во обичен ред може, но и не мора да се одвојат со запирка. Тоа зависи од потесната или полабавата врска меѓу нив.
3. Исказните и целните реченици никогаш не се одделуваат со запирка.
Тој рече дека ќе дојде. Тој застана да купи леб.
1. Прашалник се пишува на крајот од прашалната реченица.
Ќе дојдеш ли утре кај мене?
2. Се пишува зад прашални зборови и искази.
Кога? Каде? Зошто?
1. Извичник се пишува на крајот од извичните реченици.
2. На крајот од речениците со кои се искажува построга заповед.
3. Во речениците со кои искажуваме силна возбуда.
4. Зад извици со кои се искажуваат разни чувства или служат за имитирање звуци или животински гласови.
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History