
| Руски јазик Русский язык |
|
|---|---|
| Се зборува во: | Русија, Украина, Белорусија, Казахстан, Молдавија, Ерменија, Израел, Летонија, Естонија, Киргизија |
| Реони: | Источна Европа, Азија |
| Вкупен број на говорници: | ~ 280.000.000 |
| Рангирање по вкупен број на говорници: | 5-7 |
| Класификација: | Индоевропски Словенски |
| Официјална положба | |
| Официјален јазик: | Русија, Белорусија, Казахстан, Киргизија, ОН |
| Контролиран од: | Руската академија на науки |
| Јазични кодови: | |
| ISO 639-1 | ru |
| ISO 639—2 | rus |
| SIL | RUS |
Рускиот јазик (руски: русский язык) е еден од најмногу распространетите јазици во Европа и најраширениот од сите Словенски јазици.
Рускиот јазик припаѓа на групата на индоевропските јазици, па затоа е поврзан со санскритот, грчкиот и латинскиот јазик, како и со современите германски јазици, романски јазици и келтски јазици, вклучувајќи го и англискиот, францускиот и ирскиот јазик. Пишани извори на руски јазик се најдени од X век.
Иако тој има зачувано од неговата синтетичко-нефлексионална структура и од заедничката словенска зборовна база, современиот руски јазик има влијанија од интернационалниот речник на политиката, науката и технологијата. Како јазик со големо политичко значење, рускиот е еден од официјалните јазици во ОН. Иако интернационалниот престиж на јазикот опадна по распадот на Советскиот Сојуз, позициите на рускиот јазик како лингва франка во источна Европа и северна Азија се засилени.
| ɮ | Оваа статија поврзана со индоевропски јазици е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
|||||
|
западнословенски јазици |
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History