
Ѓорѓија Кастриот (6 мај, 1405 — 17 јануари, 1468), попознат како Скендербег (бег Александар)[1], е една од најпроминентните личности во историјата на Албанија и на албанскиот народ.
Скендербег е роден како „Ѓерѓ Кастриоти“ во Крује, денешна Албанија. Син на Јован Кастриоти, тој потекнувал од феудалното христијанско семејство „Кастриоти“. Според англискиот историчар Гибон, Јован Кастриот бил кнез на Епир[2], кој ги вклучуваше денешните албански области Мат, Крује, Мирдита и Дибер.[3]. Неговата мајка Воисава, била кнегиња[4], од полошкото семејството „Трибалда“[5] или од благородното семејство „Музака“.[6]
Јован Кастриоти, за да задржи поседи во средна Албанија и во дебарската област, ги дал своите синови како заложници кај султанот. Таму Скендербег ја сменал својата вера во Ислам[7] и завршил воена школа во Одрин, како и војувал во турска војска и однесол многу победи за Отоманското царство.
За своите воени заслуги, го добил званието „Искендер Беј“ („бег Александар“ — тур. İskender Bey, алб. Skënderbeg) споредувајќи ја воената умешност на неговото семејство со Александар Македонски.[2] Користејќи ги слабостите во Отоманската Империја, тој се отцепил од турската власт и кренал востание во Дебарско. По низа драматични пресврти востанието на Скендербег конечно било задушено, и тоа токму од неговиот сонародник Балабан–Паша, кој раководел со османската војска.
Меѓутоа, кога војсководецот Јанош Хуњади ги поразил Туците кај Ниш во 1443 г., Скендербег ја напуштил турската војска[8], се вратил во Албанија и повторно прифатил христијанство. Оттогаш водил беспоштедна борба против Османското царство.
| Оваа статија поврзана со лична биографија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History