|
Антон Попов (Попово маало, село Гега (денес Игуменец), Пиринска Македонија, 20 октомври 1915 - Софија, 23 јули 1942), македонски револуцонер, публицист, писател, познат комунистички активист и учесник во илегалниот отпор против фашистичкиот режим во Бугарија.
Неговиот прадедо поп Стојан се доселил од Берово. Тој, како соборец на Иљо Малешевски и учесник во Кресненското востание, бил убиен од Турците. Истата судбина го снашла и дедо му Костадин Попстојанов, војвода на чета, заедно со неговите двајца браќа. Татко му, учителот Никола Попов, зема активно учество во револуционерните борби, и во 1922 г. бил обесен од разбојниците на Алеко паша.
Антон Попов бил член на Бугарската комунистичка партија (БКП) и на Македонскиот литературен кружок во Софија, заедно со поетот Никола Вапцаров. Двајцата се уапсени од бугарската полиција, осудени на смрт и стрелани на 23 јули 1942 на софиското гарнизонско стрелиште.
| Оваа статија поврзана со лична биографија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History